Вооружен напад врз автомобил во Куманово

бомби

Вооружен напад доцна синоќа се случил во Куманово, информираат од МВР.

Синоќа, околу 02:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 02:40 часот на локалниот пат од населба Карпош, кумановско, кон село Никуљане, општина Старо Нагоричане, од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(34) од Куманово.

Во инцидентот, за среќа нема повредени лица нема.

„Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“ додаваат од МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?