АНКЕТА: Дата-центри во Македонија – дали сте информирани, дали поддржувате?

Дата-центрите во изминатите недели станаа една од најжешките теми во македонската јавност. Дебатата особено се засили по иницијативата за изградба на дата-центар во Пехчево, која беше едногласно отфрлена од Советот на општината по реакции од граѓани, еко-активисти и локални претставници.

Од една страна, Владата ги претставува дата-центрите како дел од идната дигитална индустрија и економски развој, со став дека Македонија треба да биде дел од глобалниот раст на AI и складирањето дигитални податоци. Премиерот Христијан Мицкоски деновиве порача дека државата останува на определбата да развива ваков тип индустрија.

Од друга страна, критичарите бараат многу повеќе информации за инвеститорите, потрошувачката на струја и вода, технологијата за ладење и можните последици врз животната средина. Токму недостигот од вакви податоци беше една од главните забелешки во случајот со Пехчево.

Рацин.мк затоа ги прашува читателите: колку сте информирани за тоа што всушност се дата-центри и дали го поддржувате нивното отворање во Македонија?

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри – дали сте информирани, дали поддржувате?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?