Премиерот на Црна Гора: Се спрема дестабилизација и хибриден напад на државата!

Гора

Хибридно дејствување насочено кон дестабилизација на Црна Гора се подготвува пред најавеното затворање нови преговарачки поглавја со Европската Унија, предупреди денеска црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, повикувајќи се на безбедносно-оперативни информации.

Според Спајиќ, во координираните активности наводно се вклучени функционери од најмалку две држави во регионот. Тој не соопшти за кои држави и функционери станува збор, ниту во јавната објава изнесе дополнителни детали за информациите врз кои го темели предупредувањето.

Црногорскиот премиер тврди дека ваквото дејствување би можело да добие поддршка и од одделни политички актери и дел од медиумите во земјата. Неговата порака доаѓа во период кога Подгорица очекува ново придвижување во пристапните преговори со ЕУ.

Спајиќ порача дека Владата е запознаена со намерите и дека евентуалните обиди за дестабилизација нема да го променат политичкиот курс на земјата. Според него, европската интеграција на Црна Гора останува над дневните интереси на која било политичка структура.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?