На граничниот премин Богородица утринава се чека околу 45 минути за излез од Македонија, додека на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од одрони.
Посебно внимание се препорачува на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Поради градежни работи изменет режим на сообраќај има и на делови од патната мрежа, меѓу кои на автопатот А4 кај наплатната станица Преод.

