Вчера уапсени девет лица за возење автомобил без положен возачки испит

МВР инфомира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње.

Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило.

Уапсен е и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?