Филипче: Владата усвоила потреба за ново задолжување од 1,3 милијарди евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека според информациите со кои располага партијата, Владата на вчерашната седница усвоила потреба за ново задолжување на Македонија во износ од 1,3 милијарди евра.

Филипче на прес-конференција рече дека ова задолжување би било дополнително на, како што наведе, 2,5 милијарди евра за кои тврди дека го зголемиле државниот долг во изминатите две години.

„Според нашите информации, на вчерашната седница на Влада е усвоена потреба за ново задолжување на земјата. И тоа, замислете, сумата е од 1,3 милијарда евра“, изјави Филипче.

Според лидерот на СДСМ, евентуалното ново задолжување доаѓа во период кога граѓаните се соочуваат со зголемени животни трошоци, а компаниите чекаат средства за поврат на ДДВ.

Тој тврди дека обврските за поврат на ДДВ надминуваат 200 милиони евра и дека со најавените 1,3 милијарди евра, вкупното ново задолжување во период од две години би достигнало околу четири милијарди евра.

Филипче ја поврза состојбата со животниот стандард, посочувајќи дека синдикалната потрошувачка кошничка во период од година и половина пораснала од околу 60.000 на речиси 70.000 денари, а со трошоците за кирија или станбен кредит, според него, достигнува близу 90.000 денари.

Од СДСМ оценуваат дека граѓаните не гледаат соодветно подобрување на животниот стандард и покрај задолжувањата на државата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?