Како што беше претходно објавено, учениците од 4. до 9. одделение во ОУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава.
Причината се градежните активности што Министерството за образование и наука (МОН) ги реализира во дел од училиштето, а кои сè уште не се завршени.
Еве што поточно се изведува со градежните активност и што дозна Рацин.мк поради што се отвораат повеќе прашања.
Во училиштето во тек се градежни активности за оформување на 6 нови училници, согласно со Проектот за унапредување на основното образование на МОН. Рокот за завршување на градежните активности согласно Договорот на изведувачот со МОН е 90 дена од денот на склучување.
Договорот за овие градежни активности бил склучен бил на 7 август, што само по себе го отвора прашањето зошто толку доцна е склучен договорот за работи кои многу однапред било познато дека треба да бидат изведени.
Од ова произлегува дека, според сегашните информации, учениците од 4 до 9 одделение најверојатно 2 месеци ќе учат онлајн, освен ако изведувачот не заврши порано. Но, тоа е следно големо прашање.
Денеска, на првиот час за оваа учебна година, на децата им кажале дека онлајн часот ќе траел 30 минути.
Тоа отвора повеќе други прашања.
Како ќе се снајдат семејствата чии родители се на работа, а децата, особено помалите од четврто или пето одделение, не можат да ги остават сами?
Како ќе обезбедат уреди за квалитетно следење настава, на пример за оние семејства со по две деца од 4. до 9. Одделение?
Им било кажано дека наставата ќе можело да се следи и преку телефон, но, каков е тој квалитет на онлајн настава која се следи преку телефон и тоа цели два месеци, ако не и повеќе, што е цело едно тромесечие кога се оформуваат првите и најбитни оценки по секој предмет.

