Од денеска автобусите на ЈСП возат по зимски возен ред

Од денеска, 1 септември, автобусите на ЈСП „Скопје“ сообраќаат по зимски возен ред. Со завршувањето на летниот режим, јавниот градски превоз се враќа на распоредот што важи во текот на учебната година.

Од ЈСП ги повикуваат патниците навреме да ги проверат термините на линиите што секојдневно ги користат, бидејќи со преминувањето на зимскиот возен ред се менуваат дел од поаѓањата. Актуелните распореди се објавени на официјалната интернет-страница на претпријатието.

Од денеска по зимски возен ред сообраќа и новата линија број 37 на релација Карпош 3 – Радишани, која беше воведена на 17 август и до вчера сообраќаше според летен распоред.

Враќањето на зимскиот режим се совпаѓа со почетокот на новата учебна година и зголемениот број патници во јавниот превоз.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?